|
|
|
|
|
|
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (во натамошниот текст Комисија) е основана со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-1849/1 од 28 април 2006 година. („Службен весник на РМ“ бр. 57/2006).
Адреса: бул.„Гоце Делчев“ б.б. (зграда на МРТВ – 14 кат)
1000 Скопје, Република Македонија
Тел/факс: + 389 2 3118 038; 3127-453
Интернет страница:
www.komspi.mk
www.sinf.gov.mk
Електронска пошта: sinf@sinf.gov.mk
Службени лица за посредување со информации и за давање правна помош на иматели и на баратели на информации од јавен карактер во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер се:
Јорданка Стојкова – тел/факс 3115-659; 3118-038 и 070 337-491;
Цвета Трајковска - тел/факс 3115-659; 3118-038 и 071 232-857
Цветан Станоески - тел/факс 3118-038
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР:
Претседател на Комисијата: Јанко Николовски – тел. 02 3127-453; 02 3118-038
Заменик претседател на Комисијата: Блерим Исени – тел. 02 3127-453; 02 3118-038
Членови на Комисијата: Љубица Станојовска тел. 3114-695; 3118-038; Олга Пешевска-Трчковска тел. 3117-401; 3118-038; Билјана Петковска тел 3118-038
- Комисијата одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на информации;
- се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;
- подготвува и објавува листа на иматели на информации;
- дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;
- презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за овозможување на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;
- соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;
- дава предлози за потребните средства за работа на Комисијата при изготвувањето на Буџетот на Република Македонија;
- донесува Деловник за својата работа;
- подготвува Годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;
- извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;
- донесува Статут, како и други акти со кои го уредува начинот на работа и организацијата на Комисијата и
- врши други работи утврдени со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и со друг закон.
Комисијата има и ПРАВИЛНИК за внатрешна организација на стручната служба:

Комисијата има и ПРАВИЛНИК за систематизација на работните места во стручната служба.
Правни акти на Комисијата:
- Врз основа на член 33 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на РМ“ бр. 13/2006 година) Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, донесе С т а т у т на Комисијата.
- Врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“ бр. 13/2006), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе Д е л о в н и к за работа на Комисијата.
- Упатство за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Барање за пристап до информациите од јавен карактер
- Потврда за прием на барање за пристап до информациите од јавен карактер
- Жалба
- Потврда за прием на жалба
- Водич на службени лица и Водич на баратели на информации
- Документи за финансиско работење
Листа на иматели на информации од јавен карактер, подготвена од Комисијата:
- Државни установи и институции;
- Судска власт;
- Општини во Република Македонија;
- Јавни установи и служби;
- Јавни претпријатија во Република Македонија;
- Здравствени установи во Република Македонија;
- Правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес;
- Политички партии во Република Македонија
|
|
|
Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.
|
|
|