Пребарај
Организациона структура

Врз основа на член 32 и член 34 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 година), Законот за државните службеници (“Службен весник на РМ“ бр.59/00, 112/00, 34/1, 103/01, 43/03, 98/02, 17/03 ,40/03, 17/04, 69/04, 81/05, 61/06, 36/07), а во врска со Уредбата за начелата на внатрешната организација на органите на државната управа (“Службен весник на РМ“ бр.105/2007 година), претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следниот

П  Р  А  В  И  Л  Н  И  К
ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА
КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР



I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Правилник се уредува внатрешната организација на Стручната служба на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (во натамошниот текст Стручна служба), видот и бројот на организациските единици, нивната надлежност, одговорност и меѓусебни односи, како и начините и формите на раководење и нивните надлежности и одговорности.

Член 2

Со внатрешната организација утврдена со овој Правилник се обезбедува:
-законитост, стручност, ефикасност и економичност во вршењето на работите и задачите во Стручната служба;
-насоченост кон имателите и барателите на информациите од јавен карактер како основни столбови на правото на слободниот пристап;
-независност и одговорност при вршењето на работните задачи;
-еднообразност и хиерархиска поставеност на организациските единици;
-меѓусекторска координација.

Член 3

Внатрешната организација на Стручната служба се уредува согласно надлежностите и работите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврдени во член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавенкарактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 ) и Уредбата за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа.(“Службен весник на РМ“ бр.105/2007).

II ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕДИНИЦИ

Член 4

Согласно член 34 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата образува Стручна служба.
Со Стручната служба раководи Раководител кого го именува и разрешува Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по јавен оглас.

Член 5

Поаѓајќи од видот, обемот и степенот на сложеност на работите и задачите кои ги извршува Стручната служба, меѓусебната поврзаност и сродност на тие работи и задачи и другите услови потребни за нивно вршење, во Стручната служба се формираат следните организациски единици.

I.    Одделение за управување со човечки ресурси

II.    Сектор за спроведување постапка по жалби, правни, општи,
едукативни и аналитички работи


а) одделение за спроведување постапка по жалби, правни и општи работи,
б) одделение за аналитика и едукација на барателите и имателите на информации од јавен карактер

III.    Сектор за соработка со имателите на информации, информирање
на јавноста и меѓународна соработка на полето на слободниот
пристап до информации од јавен карактер
    
а) одделение за соработка со имателите на информации и информирање на јавноста
б) одделение за меѓународна соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Организациската структура на Стручната служба  е претставена во графички приказ кој е составен дел на овој Правилник.


III.  ДЕЛОКРУГ НА РАБОТАТА НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ЕДИНИЦИ

Одделение за управување со човечките ресурси

Член 6

Одделението за управување со човечките ресурси врши работи кои се однесуваат на:
- ја пишува програмата за работа на одделението, како составен дел од работата на Програмата на Стручната служба врз основа на предлозите на вработените во одделението;
- ја подготвува и спроведува Програмата за развој на човечките ресурси во Стручната служба;
- водење и ажурирање на личната евиденција на државните службеници во Стручната служба и нивните лични досиеја;
- спроведување постапка  за вработување во Стручната служба и пополнување на слободни работни места во Стручната служба;
- идентификување на потребите и предлагање програми за обука на вработените во Стручната служба;
- спроведување систем на оценување, планирање, кариера и мотивираност на државните службеници;
- изготвување на периодични и годишни извештаи за работата на одделението;
- соработка со другите Сектори и одделенија во Стручната служба во поглед на планирањето на човечките ресурси;
- остварување редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и давање предлзи за вработување без јавен оглас од еден во друг орган;
- се грижи за правилната примена на законите и подзаконските акти од областа на човечките ресурси, вклучувајќи ги оние поврзани со правичната застапеност на заедниците;
- предлага политики за управување со човечките ресурси во Стручната служба;
- континуирано ја следи состојбата со човечки ресурси и ги предвидува потребите за човечките ресурси во Стручната служба.

Сектор за спроведување постапка по жалби, правни, општи,
едукативнии и аналитички работи

Член 7

Секторот за спроведување постапка по жалби, правни, општи, едукативни и  аналитички работи е надлежен за следните работи и задачи:
- следење на спроведувањето на условите, начинот и постапката за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон  (иматели на информации).
- спроведување на жалбена постапка иницирана од барателите и имателите на информациите;
- анализа на пристигнатите жалби, периодично и годишно;
- подготвување на материјали за обуки што ќе ги спроведува Комисијата за вработените во Стручната служба на Комисијата и на имателите на информации од јавен карактер;
- учество во подготвување на материјали, брошури, флаери и други материјали за барателите на информации;
- анализа на целокупното работење на Стручната служба на Комисијата;
- учествува во подготовката на Годишниот извештај на Комисијата кој секоја година се поднесува до Собранието на Република Македонија,
- изготвување на периодични и годишни извештаи за работата на Секторот;
- подготвување, следење и подобрување на подзаконските акти кои ги донесува и е должна да ги донесе Комисијата согласно Законот за слободен слободен пристап до информации од јавен карактер;
- правна поддршка на другите организациони единици во Стручната служба;
- поддршка на работата на претседателот на Комисијата и членовите на Комисијата;
- соработка со другите сектори во Стручната служба;

Член 8

Одделение  за спроведување на постапка по жалби, правни и општи работи

    Одделението за спроведување на постапка по жалбите на барателите на информации, правни и општи работи, врши работи кои се однесуваат на:
- собирање и подготвување на материјали за постапката по жалбите на барателите,
- подготвување на предлог решенија и заклучоци по жалбите на барателите на информации од јавен карактер,
- давање помош на барателите на информациите во однос на жалбената постапка што ја спроведува  Стручната служба на Комисијата,
- давање упатства на имателите во врска со постапувањата по барањата на барателите,
- давање упатства и податоци за полесен пристап на барателите до информациите од јавен карактер кои ги поседуваат имателите на информации,
- подготвување подзаконски акти, упатства и обрасци кои произлегуваат од законската надлежност на Комисјата,
- континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата од оваа област како и примената на меѓународните договори и конвенции што Република Македонија ги ратификувала а се однесуваат на дејноста на слободниот пристап до информациите,
- подготвување мислење по предлози на закони и други акти со кои се уредува слободниот пристап до информации, за кои Комисијата дава мислења,
- учествува, според насоките на претседателот на Комисијата и Комисијата, во подготовката на Годишниот извештај за работата на Комисијата, што Комисијата го доставува до Собранието на Република Македонија,
- дава правна поддршка на организациските единици во Стручната служба на Комисијата во врска со следењето на спроведувањето на Законот,
- дава поддршка на работата на претседателот на Комисијата и членовите на Комисијата;
- изготвува периодични и годишни извештаи за работата на одделението,
- соработува со другите одделенија во Стручната служба на Комисијата.

Одделение за аналитика и едукација на барателите
и имателите на информациите од јавен карактер

Член 9

Одделение за аналитика и едукација на барателите и имателите на информациите од јавен карактер врши работи кои се однесуваат на:
- евидентирање на пристигнатите жалби во Комисијата како и барањата за слободен пристап доставени до Комисијата како иамтел на информации од јавен карактер,
- поединечна анализа на пристигнатите жалби по однос на подносител, имател, карактер, преземени активности,
- целосна анализа на жалбите врз основа на наведените елементи, по периоди и годишно,
- предлагање на мерки за унапредување на жалбената постапка во однос на ефикасност, економичност, целиисходност врз база на изготвената анализа,
- се грижи за подготовката и спроведувањето на обуката на лицата од Стручната служба,
- по барање на претседателот на Комисијата и на Комисијата, презема активности на планот на едукација на имателите на информациите за овозможување на барателите слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои тие располагаат,
- подготвува работилници за обука на имателите на информациите,
- соработува со имателите на информациите во однос на давање помош за остварувањето на правото на пристап до информациите,
- учествува во подготовката на Годишниот извештај на Комисијата кој секоја година се поднесува до Собранието на Република Македонија,
- изготвување периодични и годишни извештаи за работата на одделението,
- соработува со другите одделенија во Стручната служба на Комисијата.

Сектор за соработка со имателите на информации, информирање
на јавноста и  меѓународна соработка на полето на слободниот пристап
до информации од јавен карактер

Член 10

Секторот за соработка на податоците на имателите на информаци и за меѓународна соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, е надлежен за следните работи и задачи:
- подготвува и објавува листа на иматели на информации, службени лица и одговорни лица и постојано ја ажурира,
- ја подготвува, полни и ажурира Веб страната на Комисијата,
- остварува комуникација со имателите на информации,
- учествува во подготовката на Годишниот извештај на Комисијата кој секоја година се поднесува до Собранието на Република Македонија,
- врши подготвителни работи во врска со меѓународната соработка во областа на слободниот пристап на информации од јавен карактер поврзани со меѓународните обврски на Република Македонија,
- учествува во спроведувањето на проектите на меѓународните организации,
- соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер, особено по прашањата на практиката и резултатите во тие земји,
- изготвува  периодични и годишни извештаи за работата на секторот,
- соработува со релевантни домашни, странски и меѓународни институции за работи од својата надлежност.
- соработува со другите сектори во Стручната служба
- соработува со другите органи на државната управа.

Одделение за соработка со имателите на информации и
информирање на јавноста

Член 11

Одделение за соработка со имателите на информации и информирање на јавноста врши работи кои се однесуваат на:
- ја подготвува и ја објавува на веб страна на Комисијата листата на имателите на информации од јавен карактер со податоци за службените и одговорните лица кај имателите на информации,
- континуирано ги следи и ги внесува промените во листата на информации од јавен карактер,
- редовно комуницира со имателите на информации за ажурирање на основните податоци за контакт со имателите на информациите,
- ја подготвува и секојдневно ја ажурира веб страната на Комисијата за прашања од интерес за имателите и барателите на информации,
- континуирано ја следи работата на Комисијата и внесува податоци на веб страната за актуелни и релевантни работи кои произлегуваат од работата на Комисијата, како и актите за работата на Комисијата,
- повремено дава преглед на европските искуства и практиката во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер,
- предлага работи за подобрување на веб страната на Комисијата
- учествува во подготовката на Годишниот извештај на Комисијата кој секоја година се поднесува до Собранието на Република Македонија,
- учествува во изготвувањето на периодични и годишни извештаи за работата на  одделението како составен дел за работата на секторот,
- соработува со другите одделенија  во Стручната служба
- соработува со другите органи на државната управа.

Одделение за меѓународна соработка на полето на слободниот
пристап до информации од јавен карактер

Член 12

Одделението за меѓународна соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер врши работи кои се однесуваат на:
- врши подготвителни работи во врска со меѓународната соработка во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер,
- учествува во спроведувањето на заедничките проекти со меѓународните организации,
- соработува со органите на другите земји и институции во областа на слободниот пристап до информациите од јавен карактер,
- разменува мислења, особено по прашањата за праксата и резултатите во другите земји во врска со спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,
- учествува во подготовката на Годишниот извештај на Комисијата кој секоја година се поднесува до Собранието на Република Македонија,
- учествува во изготвувањето на периодични и годишни извештаи за работата на  одделението како составен дел за работата на секторот,
- соработува со другите одделенија  во Стручната служба
- соработува со другите органи на државната управа.

IV. НАЧИН НА РАБОТА

Член 13

Работите и задачите во Стручната служба се планираат и организираат заради ефикасно и ажурно остварување на надлежностите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Член 14
 

  Државните службеници се должни работите и задачите да ги извршуваат совесно, стручно, непристрасно, ефикасно, уредно и навремено во согласност со Уставот на РМ, законите и другите прописи и општи акти, да пројавуваат потребна иницијатива во работата и своите стручни мислења и предлози да ги засноваат врз основа на законски и стручни сознанија, како и врз сопствените согледувања.

Член 15

Раководните државни службеници го следат остварувањето на работите и задачите во организацискиот облик со редовен увид во квалитетот и обемот на извршените работи и задачи во определениот рок, за секој државен службеник.

Член 16
Раководните државни службеници и државните службеници во организациските облици остваруваат меѓусебна соработка во вршењето на работите и задачите од својот делокруг.
Видот и степенот на соработката се утврдува во зависност од природата и карактерот на одделни работи и задачи за чие вршење постои потреба од соработка.

Член 17

Во Стручната служба може да се формира Колегиум.
Колегиумот го сочинуваат: раководителот на Стручната служба, rаководителите на секторитe, помошниците на раководителите и раководителите на оделенијата.
Колегиумот ги разгледува прашањата што се значајни за работата на Стручната служба како поддршка за работите и задачите кои произлегуваат од надлежностите на Комисијата утврдени со зкон.
За седниците на Колегиумот се води записник.

Член 18

Колегиумот по потреба го свикува и со него раководи раководителот на Стручната служба на Комисијата.
Колегиумот по потреба може да се свика и по барање на претседателот на Комисијата или членовите на Комисјата.

Член 19

Во рамките на организациските облици, раководните работници можат да одржуваат редовни средби со државните службеници заради поефикасно координирање на работите и воедначување на ставовите и стручните мислења по одделни прашања што произлегуваат од работењето.



V. ПЛАНИРАЊЕ НА РАБОТАТА

Член 20

Работите од надлежноста на Стручната служба се остваруваат врз основа на Програмата за работа на Стручната служба, на која согласност дава претседателот на Комисијата и Комисијата.
Со Програмата за работа на Стручната служба се планираат работите и задачите како и носителите на работите и задачите.

Член 21

На барање на претседателот на Комисијата и Комисијата, Стручната служба може да утврди и посебна програма за одредени поважни прашања од својата надлежност, како и да предлага и изготвува проекти и обуки или да учествува во изработката на одредени проекти за кои има интерес.
Посебните програми ги одобрува Комисијата.

Член 22

Секторите го утврдуваат начинот на остварувањето на задачите утврдени со Програмата за работа на одделенијата  и преземаат мерки за нивно ефикасно и рационално извршување.

VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 23

Со влегување во сила на овој Правилник, престанува да важи Правилникот за внатрешната организација на Стручната служба на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап со информациите од јавен карактер бр.01-31 од 08.06.2006 година.                              

Член 24

Овој Правилник влегува во сила со денот на објавување на огласната табла на Комсијата заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а ќе се објави по добивањето на согласност од Агенцијата за државни службеници.

Комисија за заштита на правото за
слободен пристап до информациите од
јавен крактер
Јанко Николовски, претседател
 


ПРИЛОГ 1:

Табела со кратенки на називите на секторите и одделенијата во Стручната служба на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

СТРУЧНА СЛУЖБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР СС на КСЗПИЈК
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ОУЧР
СЕКТОР ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА ПО ЖАЛБИ, ПРАВНИ, ЕДУКАТИВНИ, АНАЛИТИЧКИ И ОПШТИ РАБОТИ ССПЖПЕАОР
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА ПО ЖАЛБИТЕ ПОДНЕСЕНИ ОД БАРАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ ОСПЖПБИПОР
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АНАЛИТИКА И ЕДУКАЦИЈА НА БАРАТЕЛИТЕ И ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ОАЕБИИЈК
СЕКТОР ЗА СОРАБОТКА СО ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТО НА СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР СОИИИЈНОПСПИЈК
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТО НА СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ОМСПСПИЈК
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ НА ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

ООПИИ

 

 

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008