Пребарај
Надлежност
Комисијата одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на информации;
- се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;
- подготвува и објавува листа на иматели на информации;
- дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;
- презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за овозможување на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;
- соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;
- дава предлози за потребните средства за работа на Комисијата при изготвувањето на Буџетот на Република Македонија; - донесува Деловник за својата работа;
- подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;
- извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;
- донесува Статут, како и други акти со кои го уредува начинот на работа и организацијата на Комисијата и
- врши и други работи утврдени со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и со друг закон.

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Дали во Законот постои апсолутен исклучок од слободниот пристап до информациите од јавен карактер? 






 





Годишен извештај за 2012 година
Упатство за спроведување на ЗСПИЈК
Деловник за работа на комисијата
Програма за работа на Комисијата за 2013 година
Годишен извештај 2011 година
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Ги знаете ли Вашите права?
Краток анимиран филм