Пребарај
ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Политичките партии се доброволни организации на граѓани, формирани за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта:
- своите цели ги остваруваат преку демократско формирање и изразување на политичката волја со учество на избори, како и на други демократски начини;
- основањето, работењето и финансиското и материјалното работење на политичките партии е јавно;
- се организираат и дејствуваат на територијален принцип;
- не смеат да се основаат и да дејствуваат во органите на државната власт( законодавната, извршната и судската), како и во јавните претпријатија, јавните установи и други организации основани од Р.М., општините и градот Скопје;
- нивната програма, статутот и дејствувањето не можат да бидат насочени кон:
    - насилно уривање на уставниот поредок на Р.М.
    - потикнување или повикување на воена агресија и
    - разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост;
-политичките партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Р.М.

Статутите на политичките партии содржат одредби за:
    - името и скратеното име на партијата;
    - седиштето на политичката партија;
    - политичките цели на дејствување, остварување на јавноста во работата и начинот на дејствување;
    - условите и начинот на зачленување и престанување на членството и правата, обврските и одговорноста на членовите;
    - застапување и претставување на политичката партија;
    - органите на политичката партија, начинот на нивниот избор и отповикување, траењето на мандатот и начинот на одлучувањето;
    - стекнувањето и располагањето со средствата;
    - престанокот на политичката партија ;
    - постапувањето со имотот во случај на престанок на политичката партија;
    - ознаките на политичката партија( знаме, симбол, амблем и друго);
    - името и ознаките на политичката партија се разликуваат од името и ознаките  на регистрираните политички партии во Р.М;
    - името и ознаките на политичката партија не можат во себе да го содржат името, односно ознаките, симболите на Р.М., на државните органи, на општиите и градот Скопје, на други држави, како и на други државни и меѓународни организации.

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008