Пребарај
Основно oбразование

Основното образование е дел од единствениот воспитно-образовен систем на Република Македонија, а неговата дејност е уредена со Законот за основно образование.
Основната мисија на првиот образовен степен во Република Македонија е да воспитува, образува и насочува. Во стратешките цели како приоритет е зацртано подобрување на квалитетот на наставата со користење нови наставни форми и методи што треба да резултира со мисловно ангажирани и мотивирани ученици подготвени за високи постигнувања.
Со најновите измени во законскиот акт, основното образование е задолжително за сите деца од 6 до 15 години, трае девет години и се организира во три периоди и тоа: од I до III одделение, од IV до VI одделение и од VII до IX одделение.
Основните училишта за учениците од I до III одделение организираат прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнување на часовите за редовната настава. За учениците од IV до V одделение, пак училиштата организираат продолжен престој во кој учениците се вклучуваат по барање на родителите. За време на продолжениот престој учениците учат, ги работат домашните задачи, работат други училишни обврски и учествуваат во културно-уметнички и други активности, регулирани со годишните програми за работа на училиштата. Во основните училишта се организира и верско образование како изборен предмет, но затоа пак се збранува политичко и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја.
Воспитно-образовната работа во основните училишта се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, додека пак за припадниците на националностите воспитно-образовната работа се изведува на јазикот и писмото на националностите на начин утврден со Законот за основно образование.

Средно образование

Дејноста и надлежностите на средното образование произлегуваат од Законот за средното образование.

- средното образование е задолжително за секој граѓанин и е бесплатно во јавните средни училишта;
- се остваруваат планови и програми за гимназиско и стручно образование;
- дејноста е од јавен интерес и се врши како јавна служба;
- воспитно-образовната дејност во средното училиште се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, а за припадниците на националностите се изведува на јазикот и писмото на националностите на начин и под услови утврдени со закон;
- во приватните училишта наставата може да се изведува и на странски јазик;
- државно училиште основа Владата на РМ, приватно може да основа домашно и странско правно лице, а општинско односно училиште на град Скопје може да основа единица на градската управа само за средно стручно образование;
- средното училиште може да отпочне со работа откога Министерството  ќе донесе решение за верификација;
- со плановите и програмите за воспитно-образовната дејност се утврдуваат целите и задачите, содржината, видот и траењето на образованието во јавните и приватните училишта, како и профилот на кадарот кој ја реализира програмата;
- плановите и програмите за јавните училишта ги изготвува Бирото за развој на образованието, а ги донесува министерот;
- истите можат да ги предложат и училиштата, претпријатијата, установите и други правни лица за задоволување на нивните посебни потреби (преквалификации, доквалификации и сл.);
- работата на средните училишта во текот на учебната година се утврдува со годишна програма;
- ја донесува училишниот одбор на предлог на наставничкиот совет;

Средното образование се остварува преку планови и програми за:
- гимназиско образование;
- стручно образование;
- средно уметничко образование;
- средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
- во гимназиското образование може да се реализира и програма за меѓународна матура за што согласност дава министерот;
- програмата е со иста важност како и гимназиското образование.      

Високо образование - универзитети

Универзитетите во Република Македонија обезбедуваат развој на високото образование, науката, уметноста и стручноста и непосредно и преку факултетите, односно високите стручни школи:
- учествуваат во угврдувањето на Програмата за високообразовна дејност во Република Македонија;
- ги планираат и утврдуваат развојот и потребите на високообразовната дејност и ги усогласуваат развојните потреби на високообразовните установи во  рамките на образовниот систем во целина;
 -утврдуваат единствени основи за вршење на високо образовната дејност, за запишување и за студирање на одделни видови и степени на високо образование, за издавање на дипломи за завршени студии и степени на образование, за издавачката дејност на високообразовните и другите установи, за избор во наставно-научни, наставни, научни и соработнички звања и за обврските од работен однос на наставниците, соработниците и другите вработени во изведувањето на високообразовната, научната, уметничката и применувачката дејност;
-се грижат за обезбедување на финансиски, материјални и други средства неопходни за вршење на дејностите на високообразовните установи;
 -одлучуваат за начинот на вршењето на фундаментални и развојни научни истражувања што имаат интердисциплинарен и мултидисциплинарен карактер од значење за сите високообразовни установи;
 -издаваат дипломи;
-организираат, формираат и одржуваат современ информациски универзитетски систем;
-ги утврдуваат основите на единствениот библиотечно-информациски систем и остварува библиотечно-информациска и документациона дејност за потребите на високообразовните установи;
 -остваруваат меѓусебна соработка, како и соработка  со универзитетите во странство и ги утврдуваат основите на меѓународната соработка;
 -разменуваат научни и стручни услуги и производи со домашни и странски физички и правни лица;
-организираат додипломски, интердисциплинарни и мултудисциплинарни студии и семинари.

Приватните високообразовни установи основани во приватен универзитет високообразовната дејност ја вршат под условите утврдени со актот за основање и статутот на универзитетот. Приватните високообразовни установи основани надвор од составот на универзитет високообразовната дејност ја вршат под условите утврдени со актот за основање и својот статут.

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008