Пребарај
Ј.П „Македонска радиодифузија“

"Јавното претпријатие Македонска Радиодифузија-Скопје" (МРД) ги врши следните надлежности:
- развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на основната радиодифузна мрежа на територијата на Република Македонија;
- обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа;
- обезбедување на телетекст, пренос на податоци преку радио и други услуги преку основната радиодифузна мрежа;
- обезбедување, емитување на посебни програми за информирање, зачувување на културните и историските традиции и за одржување и унапредување на врските со иселениците и другите граѓани од Република Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и други континенти;
- обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот во согласност со меѓународните договори што ги склучила, односно им пристапила Република Македонија;
- контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од Македонската Радио Телевизија, како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици;
- економично користење на техничките и човечки капацитети;
- ремонт и сервисирање на уреди и опрема;
- одржување на земски сателитски станици за сопствени и други потреби;
- истражувачки работи од областа на радиодифузната дејност;
- развој и инвестициони работи од областа на радиодифузната дејност
- и други работи во врска со основната дејност.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3162-634 и 02 3226-167

Ј.П „Службен весник“ - Скопје

Основна дејност на претпријатието Ј.П „Службен весник„-Скопје е  објавување на националната регулатива - законите и другите прописи и акти во Република Македонија и издавањето на службеното гласило “Службен весник на РМ“;
- “Службен весник на Република Македонија“ се печати и објавува на македонски јазик, а од 2002 година законите се објавуваат и на друг службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните што припаѓаат на заедниците во РМ;
- Прописите (правните акти) во “Службен весник на РМ“ се објавуваат бесплатно (актите на Собранието, Владата, министерствата и др.), а претплатата на весникот се наплаќа, за чија цена согласност дава Владата;
- го издава и Регистарот на важечки прописи во РМ, кој се ажурира на секои два месеци;
- издава годишни CD-ROM изданија од 2001 година, публикации и книги на законски текстови со и без коментар;
- остварува успешна соработка со службените весници на земјите од регионот, како и пошироко, што е од особено значење за размената на искуства;
Содржината на “Службен весник на РМ“ ги опфаќа следните делови:
- Службен дел: национална легислатива;
- Огласи: објави на судски огласи, нотарски огласи, јавни повици за тендери и сл.;
- Меѓународни договори;
- Декларации, заеднички позиции и демарши на Европската унија кон кои се придружува/прифаќа Република Македонија на покана од Европската унија   и Резолуции на Советот за безбедност на ООН со кои се воведува, изменува или укинува режим на санкции против држави, ентитети или поединци.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3298-860, 02 3290-471 и 02 3112-267

ЈКП „Дервен“ - Велес

Главни активности на ЈКП „ДЕРВЕН„ се:
- Водоснабдување на градот Велес, приградската населба Превалец и село Горно Оризари;
- Одржување на објектите и опремата од водоснабдителниот систем
- Одведување на отпадни фекални води;
- Изнесување и депонирање на смет;
- Подигање и одржување на градско зеленило;
- Одржување на пазари на мало во градот;
- Опфатеност на населението со канализација;
- Чистење на јавни прометни површини и погребални услуги.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 043 231-011 и 043 222-608

Ј.У. „Младински Културен Центар“ - Скопје

Младинскиот културен центар наменет првенствено како простор за поддржување и промовирање на културните активности на младите, овозможува реализација на голем број на програми:
- промоција на млади музички групи;
- организирање на концерти на актуелни домашни и странски изведувачи;
- поттикнување и презентирање на ликовните уметници и автори на мултимедијални проекти;
- издавање и промовирање на дела од млади писатели;
- презентирање на проекти и автори надвор од границите на државата;
- организирање на регионални и меѓународни фестивали, работилници, соработки и размени;
- организирање на едукативни курсеви и семинари, реализирање на научно-истражувачки активности,
- како и промовирање и подржување на сите останати проекти кои се од значење за културата на младите во градот Скопје.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3115-225

Н.У „Кинотека на Република Македонија“

Кинотека на Македонија како институција од општ интерес за Република Македонија, ги врши следните надлежности: 
- прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење;
- создава фонд на филмови и филмски материјали од домашното филмско творештво и филмско производство;
-создава фонд на значајни филмски остварувања од други национални кинематографии од земјата и странство;
- прибирање и чување на пропаганден материјал (каталози, програми, афиши итн.).
- располага со специјализирана библиотека за разни публикации (книги, периодика, списанија и сл.) од областа на филмската историја, теорија и естетика, исечоци (пресс клипинг) од дневниот и периодичниот печат;
- организира разни ретроспективни манифестации и изложби - како во државата, така и во странство.
- публикување и печатење на разни книги, каталози, брошури од областа на историјата и теоријата на филмот.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3071-813, 02 3071-814 и 02 3071-815

FirstПрва
PrevПретходна
1 / 2
[1]
2
НареднаNext
ПоследнаLast
AllСите

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008