Пребарај
ОПШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Општините, во рамките на законот, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
- самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење и се одговорни за нивното вршење;
- Надлежни се за урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
-донесува генерален урбанистички план на кој органот на државната управа надлежен за работите на урбанизмот дава согласност;
-донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населените места на општината на кои органот на државната управа надлежен за работите на урбанизмот дава согласност по претходно мислење од други органи;
- Заштитата на животната средина и природата-мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење;
-Локалниот економски развој и неговото планирање;
- утврдување на развојните и структурните приоритети;
- водење на локална економска политика;
- поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво;
- учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
 -Комунални дејности - снабдувањето со вода за пиење;
-испораката на технолошката вода;
-одведувањето и пречистувањето на отпадните води;
-јавното осветлување;
-одведувањето и третманот на атмосферските води;
-одржувањето на јавна чистота;
-собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад;
-уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; -снабдувањето со природен гас и топлинска енергија;
- одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги;
- изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти;
- регулирање на режимот на сообраќајот;
- изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација;
- изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање;
-отстранувањето на непрописно паркираните возила;
-отстранување на хаварисаните возила од јавните површини;
-изградбата и одржувањето на пазарите;
- чистењето на оџаците;
-одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини;
-регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови;
-определувањето на имиња на улици, плоштади, мостови и други
инфраструктурни објекти;
 Култура- институционалната и финансиската поддршка на културните установи и проекти;
- негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;
Спорт и рекреација-развојот на масовниот спорт и рекреативните активности;
- организирањето на спортски приредби и манифестации;
-одржувањето и изградбата на објекти за спорт;
поддршка на спортски сојузи;      
Социјалната заштита и заштита на децата-детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување);
-остварување на социјална грижа за инвалидните лица;
-децата без родители и родителска грижа;
-деца со воспитно-социјални проблеми;
- деца со посебни потреби;
- децата од еднородителски семејства;
- децата на улица; лицата изложени на социјален ризик;
- лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол;
- подигање на свеста на населението;
-домување на лица со социјален ризик;
-остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст.
Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита.
Образование - основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;

Здравствена заштита - управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување;
-унапредување на здравјето;
-превентивни активности;
-заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
-здравствен надзор над животната средина;
-надзор над заразните болести;
-помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон;

Спроведување на Подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици;
-надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност
и други работи определени со закон.

Заради извршување на своите надлежности, општините можат да основаат јавни служби, во согласност со закон.
Општината може да го делегира вршењето на одредени работи од јавен интерес од локално значење на други правни или физички лица, врз основа на договор за извршување на работи од јавен интерес, во согласност со закон.

ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалникот го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа тој одговара пред граѓаните на градот, а негови  надлежности се:
- ги прогласува актите на Советот и ги објавува во "Службен весник на Град Скопје";
- се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
- се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
- му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
- раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
- управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
- именува и разрешува главен архитект;
- му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
- именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
- донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;
- врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.

Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

Подетални информации може да добиете на телефонот: 02 3297-255

ЗЕЛС- Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија

ЗЕЛС е своевиден центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локаланта самоуправа.
ЗЕЛС, ги обединува сите 84 општини во Република Македонија и Градот Скопје како нејзини членки.

Заедницата подготви модел статути за работа на, а учествуваше и во изготвувањето на новиот закон за локална самоуправа.
Генералната мисија на ЗЕЛС е:
- промовирање и поттикнување на заедничка соработка и разменување на информациите помеѓу членките;
- да служи како група за лобирање и да делува како советодавен одбор на централната влада во областа на локалната самоуправа;
 - промовирање на континуирана и конструктивна соработка на локалните самоуправи и централните власти;
 - воспоставување односи со национални и меѓународни асоцијации на локалните власти;
- организирање на обуки и конференции на своите членки.

Подетални информации може да добиете на телефоните: 02 3099-033 и 02 3061-994

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008