|
|
|
|
Со извршувањето на своите надлежности придонесува:
- да се остварува судската функција и да се обезбедува самостојноста и независноста на судовите без да навлегува во нивната работа;
- утврдува предлог за избор на судија во повискиот суд врз основа на објективна проценка на стручните и моралните квалитети на кандидатот, професионалната компетентност, и искуството во неговата дотогашна работа;
-од редот на истакнатите правници со оцена на нивните вкупни резултати во работата и придонесот за развојот на стручната и теоретска мисла и на правниот систем, на Собранието на Република Македонија му предлага двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија;
- утврдува предлог за разрешување на судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција кога во постапка врз основа прибавени податоци и остварен увид во работата на судијата ќе утврди незадоволителна стручност што влијае на квалитетот, ажурноста и бројот на решените предмети и незадоволително работно ангажирање и дисциплина на судијата;
-предлага разрешување на судија кога судијата е осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци, по правосилноста на пресудата со која е изречена оваа казна.
- ако трајно ја загуби психофизичката способност за вршење судиска функција;
- предлага разрешување на судија кога се исполнети условите за старосна пензија определени со закон, по барање на судијата, по своја иницијатива, или по барање на друг надлежен орган.
Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните:02 3218-130 и 02 3218-131
|
|
|
|
|
Како највисок судски орган во државата, Врховниот суд ја врши судската власт на целата територија на Републиката:
-во граѓанската област одлучува во трет степен по вонредните правни лекови и тоа: по ревизии на физички и правни лица против одлуки на апелационите судови и по барања за заштита на законитоста поднесени од јавниот обвинител против одлуки на апелационите судови, а во одредени ситуации и против одлуки на основните судови;
- одлучува во оваа област и по барања за повторување на постапката за одлуки донесени од Врховниот суд по ревизии или по барања за заштита на законитоста;
-во кривичната област одлучува во трет степен по вонредни правни средства и тоа: по барања за вонредно ублажување на казна, по барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда и по барања за заштита на законитоста против правосилни судски одлуки на апелационите и основните судови донесени во кривична и во прекршочна постапка;
-решава за судир на надлежности во граѓанската и кривичната област меѓу основните судови од подрачја на различни апелациони судови или меѓу апелациони и основни судови и за определување на стварна надлежност на друг суд во определени ситуации;
-во областа на управните спорови, Врховниот суд одлучува во прв степен против одлуки на органи на управата, односно на Владата кои одлучувале во втор степен, како и по барања за заштита на законитоста на јавниот обвинител поднесени против одлуки на совети на Врховниот суд;
- својата функција да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите, Врховниот суд ја остварува со донесување, односно утврдување начелни ставови и начелни правни мислења по одделни правни прашања, кои се задолжителни за советите на Врховниот суд, а имаат влијание и на пониските судови во унапредување на судската практика за усогласена примена на законите од сите судови.
Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните: 02 3136-044; 02 3164-064 и 02 3237-538
|
|
|
|
|
Уставниот суд на Република Македонија како орган кој ја штити уставноста и законитоста:
-одлучува за согласноста на законите со Уставот;
-одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
-ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
-решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
-решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
-одлучува за одговорноста на Претседателот на Републиката;
- по службена должност го утврдува настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката;
- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.
.Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.
Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните:02 3163-063;02 3119-355 и 02 3163-076
|
|
|
|
|
- Основните судови се основаат за подрачјата определени со закон, а можат да судат и надвор од седштето на судот во судски денови;
- Апелационите судови се основаат за подрачјето на повеќе основни судови определени со закон.
- Основните и апелационите судови се самостојни и независни државни органи;
-судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и ја обезбедуваат примената на правото и заштитата на човековите слободи и права, водејќи сметка за принципот на правда и правичност;
- одлучуваат во со закон пропишана постапка за:
- правата на граѓаните и правно заснованите интереси;
- споровите меѓу граѓаните и другите правни субјекти;
- казнивите дела.
Основните судови се надлежни да одлучуваат во прв степен по предметите од судска надлежност освен по оние предмети кои со закон се ставени во надлежност на друг суд;
- Основните судови се надлежни да решаваат во прв степен и за вонпроцесните работи, извршувањето и обезбедувањето и за заверувањето на тапиите и интабулациите, ако со закон не е определена надлежност на други органи или институции;
- Основните судови се надлежни да решаваат во прв степен и за прекршоците, доколку со закон не е определено за определени видови на прекршоци да решаваат други видови органи (царински, девизни, надворешно-трговски и даночни).
Основните судови се надлежни за:
а) судење во прв степен и вршење на работи во кривична постапка за кривични дела за кои е пропишана казна затвор над десет години и
б) стопански престапи, имотни и други граѓанско-правни спорови во кои како странки се јавуваат општините, градот Скопје и Републиката, претпријатијата и други правни лица, иматели на дуќани и други поединци кои вршат регистрирана стопанска дејност, спорови на домашни правни и странски физички лица и меѓу странски физички и правни лица, постапка за стечај, присилно порамнување и ликвидација и спорови што притоа ќе настанат, спорови за статусни промени (поделба, спојување, припојување и организирање) и извршување на одлуки на тие судови, одлучува и за законитоста на поединечниот акт во управно-сметководствените спорови, за заштита поради незаконски дејствија, за признавање и дозволување на извршување на одлуките на странски судови, како и да вршат работи на меѓународна правна помош ако со закон не е определена надлежност на друг орган.
Основните судови се основани за следниве подрачја:
1. Основсн суд во Берово за подрачјето на општина Берово;
2. Основсн суд во Битола, за подрачјето на општините Битола и Демир Хисар, со одделение во Демир Хисар;
3. Основен суд во Виница за подрачјето на општина Виница;
4. Основен суд во Гевгелија за подрачјето на општините Гевгелија и Валандово, со одделение во Валандово;
5. Основен суд во Гостивар за подрачјето на општина Гостивар;
6. Основен суд во Дебар за подрачјето на општина Дебар;
7. Основен суд во Делчево за подрачјето на општина Делчево;
8. Основен суд во Кавадарци за подрачјето на општина Кавадарци;
9. Основен суд во Кичево за подрачјето на општините Кичево и Македонски Брод, со одделение во Македонски Брод;
10. Основен суд во Кочани за подрачјето на општина Кочани;
11. Основен суд во Кратово за подрачјето на општина Кратово;
12. Основен суд во Крива Паланка за подрачјето на општина Крива Паланка;
13. Основен суд во Куманово за подрачјето на општина Куманово;
14. Основен суд во Крушево за подрачјето на општина Крушево;
15. Основен суд во Неготино за подрачјето на општина Неготино;
16. Основен суд во Охрид за подрачјето на општина Охрид;
17. Основен суд во Прилеп за подрачјето на општина Прилеп;
18. Основен суд во Радовиш за подрачјето на општина Радовиш;
19. Основен суд во Ресен за подрачјето на општина Ресен;
20. Основен суд во Свети Николе за подрачјето на општина Свети Николе;
21. Основен суд Скопје 1 за подрачјето на општините Центар и Карпош;
22. Основен суд Скопје 2 за подрачјето на општините Кисела Вода, Чаир и Гази Баба;
23. Основен суд во Струга за подрачјето на општина Струга;
24. Основен суд во Струмица за подрачјето на општина Струмица;
25. Основен суд во Тетово за подрачјето на општина Тетово;
26. Основен суд во Велес за подрачјето на општина Велес и
27. Основен суд во Штип за подрачјето на општините Штип и Пробиштип, со одделение во Пробиштип.
Апелационите судови се надлежни да:
1) решаваат по жалбите против одлуките на основните судови;
2) решаваат за судир на надлежност меѓу основните судови од своето подрачје и
3) вршат други работи определени со закон.
Апелационите судови се основани за следниве подрачја:
1. Апелационен суд во Битола за подрачјата на основните судови во Битола, Кичево, Крушево, Охрид, Прилеп, Ресен и Струга;
2. Апелационен суд во Скопје за подрачјата на основните судови во Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Скопје 1, Скопје 2, Тетово и Велес и
3. Апелационен суд во Штип за подрачјата на основните судови во Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.
|
|
|
|
|
- Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон;
- Јавниот обвинител го претставува јавното обвинителство, раководи со неговата работа и ги врши правата и обврските определени со закон;
- Функцијата на јавното обвинителство ја врши јавниот обвинител на Република Македонија, јавниот обвинител на вишото јавно обвинителство и јавниот обвинител на основното јавно обвинителство.
-Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици;
- Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија ги именува и разрешува јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител за време од шест години, кои можат да бидат повторно именувани;
- Јавните обвинителства по прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и по прашања од заеднички интерес соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица;
- Задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител можат да се однесуваат на преземање на одредени мерки и активности заради заштита на правата и слободите на човекот и граѓанинот, заштита на интересите на општествената заедница и на другите правни субјекти, поефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, употреба на правни средства и законито утврдување на фактите и примена на правото;
- Понискиот јавен обвинител ги извршува задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител;
- Јавното обвинителство во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични и други казниви дела и во вршењето на другите функции определени со закон постапува пред надлежните судови;
- Основното јавно обвинителство постапува пред основниот суд;
- Вишото јавно обвинителство постапува пред вишиот суд;
- Јавното обвинителство на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонија;
- Јавното обвинителство постапува и пред други органи и други правни лица на своето подрачје кога за тоа е овластено со закон;
- Јавното обвинителство се грижи за навремено и ефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, поднесува барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот презема мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренува и застапува обвинение, изјавува редовни и вонредни правни средства и презема и други дејствија определени со закон.
Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните: 02 3219-850 и 02 3229-314
Во Република Македонија постојат:
а) Основни јавни обвинителства
1.Основно јавно обвинителство во Берово за подрачјето на Основниот суд во Берово;
2.Основно јавно обвинителство во Битола за подрачјето на Основниот суд во Битола; Основно јавно обвинителство во Гевгелија за подрачјето на Основниот суд во Гевгелија;
3.Основно јавно обвинителство во Гостивар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
4.Основно јавно обвинителство во Дебар за подрачјето на Основниот суд во Дебар;
5.Основно јавно обвинителство во Делчево за подрачјето на Основниот суд во Делчево;
6.Основно јавно обвинителство во Кавадарци за подрачјата на основните судови во Кавадарци и Неготино;
7.Основно јавно обвинителство во Кичево за подрачјето на Основниот суд во Кичево;
8.Основно јавно обвинителство во Крива Паланка за подрачјето на Основниот суд во Крива Паланка;
9.Основно јавно обвинителство во Кочани за подрачјата на основните судови во Кочани и Виница;
10.Основно јавно обвинителство во Куманово за подрачјата на основните судови во Куманово и Кратово;
11.Основно јавно обвинителство во Охрид за подрачјето на Основниот суд во Охрид;
12.Основно јавно обвинителство во Прилеп за подрачјата на основните судови во Прилеп и Крушево;
13.Основно јавно обвинителство во Радовиш за подрачјето на Основниот суд во Радовиш;
14.Основно јавно обвинителство во Ресен за подрачјето на Основниот суд во Ресен;
15.Основно јавно обвинителство во Свети Николе за подрачјето на Основниот суд во Свети Николе;
16.Основно јавно обвинителство во Скопје за подрачјето на основните судови Скопје 1 и Скопје 2;
17.Основно јавно обвинителство во Струга за подрачјето на Основниот суд во Струга;
18.Основно јавно обвинителство во Струмица за подрачјето на Основниот суд во Струмица;
19.Основно јавно обвинителство во Велес за подрачјето на Основниот суд во Велес;
20.Основно јавно обвинителство во Тетово за подрачјето на Основниот суд во Тетово;
21.Основно јавно обвинителство во Штип за подрачјата на основните судови во Штип и Пробиштип;
б) Виши јавни обвинителства
1.Вишо јавно обвинителство во Битола за подрачјето на Вишиот суд во Битола;
2.Вишо јавно обвинителство во Скопје за подрачјето на Вишиот суд во Скопје;
3.Вишо јавно обвинителство во Штип за подрачјето на Вишиот суд во Штип.
- Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон;
- Јавниот обвинител го претставува јавното обвинителство, раководи со неговата работа и ги врши правата и обврските определени со закон;
- Функцијата на јавното обвинителство ја врши јавниот обвинител на Република Македонија, јавниот обвинител на вишото јавно обвинителство и јавниот обвинител на основното јавно обвинителство.
-Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици;
- Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија ги именува и разрешува јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител за време од шест години, кои можат да бидат повторно именувани;
- Јавните обвинителства по прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и по прашања од заеднички интерес соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица;
- Задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител можат да се однесуваат на преземање на одредени мерки и активности заради заштита на правата и слободите на човекот и граѓанинот, заштита на интересите на општествената заедница и на другите правни субјекти, поефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, употреба на правни средства и законито утврдување на фактите и примена на правото;
- Понискиот јавен обвинител ги извршува задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител;
- Јавното обвинителство во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични и други казниви дела и во вршењето на другите функции определени со закон постапува пред надлежните судови;
- Основното јавно обвинителство постапува пред основниот суд;
- Вишото јавно обвинителство постапува пред вишиот суд;
- Јавното обвинителство на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонија;
- Јавното обвинителство постапува и пред други органи и други правни лица на своето подрачје кога за тоа е овластено со закон;
- Јавното обвинителство се грижи за навремено и ефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, поднесува барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот презема мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренува и застапува обвинение, изјавува редовни и вонредни правни средства и презема и други дејствија определени со закон.
Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните: 02 3219-850 и 02 3229-314
|
|
|
|
|
|
 | Loading… |
|
Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.
|
|