Пребарај
Претседател на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија во делокругот на своите овластувања ги има следните надлежности:
- го определува мандатарот за состав на Владата;
- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на     Република Македонија во странство;
- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;
- предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;
- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;
- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
- дава помилувања во согласност со закон и
- го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно;
- претседател е на Советот за безбедност на Република Македонија.
- потпишува Укази за прогласување на законите;
- склучува меѓународни договори во името на Република Македонија;
- претседателот на Република Македонија е врховен командант на  Армијата;
- врши и други работи утврдени со Уставот и законите на РМ.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3113-318; 02 3112-147

Собрание на Република Македонија

Собранието на Република Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката:
- го донесува и изменува Уставот на Република Македонија;
- донесува закони и дава автентично толкување на законите;
- ги утврдува јавните нарачки;
- донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
- ратификува меѓународни договори;
- одлучува за војна и мир;
- донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
- донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
- распишува референдум;
- одлучува за резервите на Републиката;
- основа совети;
- избира Влада на Република Македонија;
- избира судии на Уставниот суд на Република Македонија;
- врши избор и разрешување на судии;
- врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
- врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието; 
- донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци;
- врши други работи утврдени со Уставот.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3112-255

Влада на Република Македонија

Владата на Република Македонија, како носител на извршната власт е орган на Република Македонија кој работите од својата надлежност ги врши самостојно, во рамките на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, а врз основа на принципите на транспарентност, ефикасност и заштита на човековите слободи и права.
- Владата ја утврдува економската и развојната политика на државата, утврдува мерки за нејзино спроведување и му предлага мерки на Собранието за остварување на политиката што се од негова надлежност;
- утврдува програма за активности во областа на одбраната и безбедноста и го обезбедува нивното спроведување;
- презема мерки за остварување на слободата на пазарот и претприемништвото, како и мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот;
- го поттикнува економскиот напредок и остварувањето на порамномерен просторен и регионален развој и побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја;
- утврдува стратегија за привлекување на странски инвестиции;
- одлучува за располагањето и користењето на државниот капитал во согласност со закон;
- го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој;
- утврдува стратегија и презема мерки за вклучување во европските и евроатлантските интеграции и други меѓународни структури;
- ги следи и анализира состојбите за остварување и унапредување на човековите права и граѓанските слободи;
- го поттикнува развојот на институциите на цивилното општество;
- презема мерки за создавање услови за остварување на правата на граѓаните на образование, здравствена заштита, социјално осигурување и развојот на човечките ресурси;
- презема мерки за создавање услови за социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните;
- му дава мислење на Собранието за прашања кои се во нејзина надлежност;
- го информира Претседателот на Република Македонија и може да побара од него да биде информирана за определени прашања кои произлегуваат од нивните надлежности во вршењето на извршната власт;
 – утврдува насоки и ставови за извршување на законите и другите прописи;
- врши надзор врз работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации;
- има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, закон или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата;
- на органите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје Владата може да им дава стручна и друга помош од значење за остварување и извршување на нивните задачи;
- има право да укине или поништи пропис или друг акт на Советот или на друг орган на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје од доверената надлежност;
- Со Уредба, со законска сила Владата уредува прашања од надлежност на Собранието во случај на воена или вонредна состојба ако не постои можност за свикување на Собранието;
- со заклучок зазема ставови по прашањата што ги претресувала на седница;
- утврдува мислења по предлозите на закони и други прописи и по материјали што до Собранието ги поднеле други овластени предлагачи;
- ги определува задачите на министерствата и органите на државната управа;
- го обезбедува извршувањето на одлуките на Уставниот суд на Република Македонија во случаите кога надлежните органи за извршување на овие одлуки не ја извршиле одлуката на Судот;
- врши и други работи утврдени со Уставот и законите.

Подетални информации можете да добиете на телефоните:
(02) 3118-022 и (02) 3116-785 лок.310

Генерален Секретаријат на Влада на Република Македонија

Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата на Република Македонија ги врши работите што се однесуваат на:
- стручна поддршка на Владата во целина,
- соработка со Канцеларијата на претседателот на Владата;
- соработка со министерствата и другите органи на државната управа, особено по прашањата на стратешките приоритети и анализа на политиките;
- соработка со државните секретари во врска со доставување на материјалите на Владата и спроведување на заклучоците на Владата;
- во согласност со упатствата на Претседателот на Владата ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата;
- учествува во работата на седниците на Владата без право на одлучување и се грижи за процедуралните прашања во текот на седницата на Владата;
- обезбедува услови за работа на работните тела на Владата;
- доставува заклучоци на Владата до надлежните министерства;
- објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”;
- организира подготвување на Годишната програма за работа на Владата;
- извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3118-022 лок. 195; 02 3122-253

Сектор за стратегија, планирање и следење
- изготвува анализа за постигнатите цели и резултати од спроведувањето на Стратешките приоритети на Владата од претходната година; - изготвува Предлог-одлука за Стратешките приоритети на Владата;
- го следи начинот и степенот на остварувањето на Стратешките приоритети на Владата;
- подготвува Предлог-годишна програма за работа на Владата и го следи нејзиното остварување;
FirstПрва
PrevПретходна
1 / 9
[1]
2
3
4
5
НареднаNext
ПоследнаLast
AllСите

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008