|
|
|
|
|
Во линкот „ВИ ПОМАГАМЕ“ се поместени исклучиво податоци за надлежностите, дејностите, активностите, обврските и за мисијата на досега евидентираните иматели на информации од јавен карактер.
Со активирањето на овој линк и содржините во него, Комисијата има за цел да им помогне на заинтересираните граѓани – баратели, според нивните потреби да го направат вистинскиот избор на имателот при поднесувањето на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.Пооделни иматели како што се на пример: основните и средните училишта, факултетите, здравствените домови, клиниките, осигурителните друштва и компании, банките, интернет провајдерите, основните и апелационите судови и други, а кои имаат речиси идентични надлежности и обврски ги претставивме групно, без да се задржуваме на секој субјект поединечно. До основните контакт податоци за имателите на информации од споменатите групи, граѓаните-баратели ќе можат да дојдат посетувајќи го линкот “ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ“.
Комисијата постојано ќе го надополнува и aжурира линкот “ВИ ПОМАГАМЕ“ со нови и корисни информации, зависно од промените и новообезбедените податоци за дејноста на имателите на информации од јавен карактер...
Државни институции
Судска власт
Општини во Република Македонија
Јавни претпријатија и установи во Република Македонија
Здравствени установи во Република Македонија
Правни и физички лица кои вршат јавни овластувања
Образовни институции во Република Македонија
Политички партии во Република Македонија
|
|
|
Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.
|
|
|