Пребарај
22.03.2012 - Имплементација на СПИЈК
СЕМИНАР ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Денеска во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, се одржа Семинар на тема:„Слободен пристап до информациите од јавен карактер и заштита на личните податоци“, на кој присуствуваа претседатели и судии од апелационите судови, од основните судови и од основните јавни обвинителства од Република Македонија.
Законската рамка на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во корелација со правото за заштита на личните податоци ја претстави доц. д-р Искра Акимовска Малетиќ, професор на Факултетот за безбедност, Скопје.
На темата „Национално право на слободен пристап до информации од јавен карактер, досегашни искуства од примената“, говореше Цветан Станоески од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Д-р Добринка Борисовска Господинова од Дирекцијата за заштита на личните податоци се осврна на националното право за заштита на личните податоци, со посебен акцент на заштитата на правото на личните податоци и медиумите, како и на пристапот до судските одлуки и правото на анонимност, односно објавувањето на судските пресуди на интернет.

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Дали во Законот постои апсолутен исклучок од слободниот пристап до информациите од јавен карактер? 






 





Годишен извештај за 2012 година
Упатство за спроведување на ЗСПИЈК
Деловник за работа на комисијата
Програма за работа на Комисијата за 2013 година
Годишен извештај 2011 година
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Ги знаете ли Вашите права?
Краток анимиран филм