10694256_10152809969534017_7957773737384458939_o

ОБУКА СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ И ПОУСПЕШНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ

Во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, денеска се одржа обука на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ОД ДРЖАВНИ ИНСПЕКТОРАТИ И ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ, НА ОБУКА ВО КОМИСИЈАТА

На 30 октомври (четврток), со почеток во 09.00 часот, во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (зграда на Македонската радиотелевизија,  14 кат), ќе се одржи обука на на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

IMG_0306

СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ПРЕЗЕНТИРАН НА „НОТАРСКИТЕ ДЕНОВИ“ ВО ОХРИД

На „Нотарските денови“, организирани од Нотарската Комора на Република Македонија, одржани во Охрид на 18 и 19 октомври 2014 година, покрај новините во  Законот за финансиска дисциплина, Законот за спречување на перење пари и Законот за катастарот на недвижности, значајно место им беше посветено и на обврските на нотарите кои произлегуваат од Законот за слободен…

ВШН 1

ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ИДНИТЕ НОВИНАРИ

Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и стручното лице во Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска, денеска во просториите на Високата школа за медиуми и за односи со јавноста реализираа предавање на тема “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

20140930_160131

ЕДУКАЦИЈАТА, МЕНУВАЊЕТО НА СВЕСТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ

На 29 и 30 септември во Скопје се одржа дводневна Регионална конференција на тема  „Имплементација и спроведување на законската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Овој настан преставуваше практичен придонес во одбележувањето на 28 септември – Меѓународниот ден на слободниот пристап до информациите од јавен карактер „Имам право да знам“.

ДВОДНЕВНА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ВО СКОПЈЕ

На 29 и 30 септември (понеделник и вторник), со почеток во 09.00 часот, во хотелот  Holiday Inn во Скопје, ќе се одржи дводневна Регионална конференција на тема  „Имплементација и спроведување на законската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

20140918_103537

АКТИВНО УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ПРИШТИНА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО СФЕРАТА НА СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ЈАВНИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), составена од  Заменик претседателот г-дин Блерим Исени, членот  г-ѓа Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот, г-ѓа Макфирете Морина-Сулејмани, активно учествуваше во работата на Региoналната конференција на тема „Слобода на јавното информирање“,

УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРИШТИНА

Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), составена од  Заменик претседателот г-дин Блерим Исени, членот  г-ѓа Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот, г-ѓа Макфирете Морина Сулејмани, ќе земе учество на Регионалната конференција на тема  „Слобода на јавното информирање“, што од 17 до 19 септември ќе…

ббббббббббб

ЗАОКРУЖЕН ЦИКЛУСОТ РАБОТИЛНИЦИ РЕАЛИЗИРАН ВО СОРАБОТКА СО МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

Одговорни и службени лица, како  и раководители на сектори за правни и општи работи од Акционерски друштва во државна сопственост и од повеќе Комори кои вршат јавни овластувања, беа учесници на завршната петта работилница на тема „Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“, што се одржа денеска во…

ОД ГРБ

ЧЕТВРТА РАБОТИЛНИЦА ЗА „ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ И ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР“

            Денеска во хотелот „Арка“ во Скопје, во сорабка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, беше реализирана четвртата последователна работилница на тема „Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.