СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“денеска во просториите на Академијата се одржа советување на тема „Примена на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

IMG_0279

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА 14 СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ОД ИНСТИТУЦИИ И УСТАНОВИ СО РАЗЛИЧНИ ДЕЈНОСТИ

Стручните предавачи во Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, Цветан Станоески и Макфирете Морина Суљејмани, денеска во просториите на Комисијата одржаа обука за службени лица на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Обука 17 мај

ПОЧЕТОК НА НОВ ЦИКЛУС ОБУКИ ЗА СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

Денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, се одржа обука на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер “. Обуката ја реализираа Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска, стручни предавачи од Секретаријатот на Комисијата, а на неа присуствуваа 15 новоназначени службени лица, како и лица кои…

МЦМС СЛИКА 1

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ДЕЛУВАЊЕТО НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И ТЕКОВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

Раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Жорж Поповски, присуствуваше на претставувањето на Извештајот за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2015, што го презентираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

СЛИКАААААААА

УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ТЕМА „СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ И СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО“

 Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата Жорж Поповски, учествуваа во работата на денешната конференција на тема „Слободата на говорот и слободата изразувањето“.

DON_2354-1024x680

СОРАБОТКАТА МЕЃУ ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР И МЕДИУМИТЕ, ПРЕДУСЛОВ ЗА ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Жорж Поповски и помладиот соработник Оливер Серафимовски, учествуваа на тркалезната маса „Граѓанскиот сектор и медиумите за доброто владеење“, што денеска се одржа во организација на Фондацијата Метаморфозис. Притоа стана збор за улогата, активностите на граѓанскиот сектор…

КОНФЕРЕНЦИЈА ,,ОТВОРЕНО ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВО– ДИЈАЛОГ СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН 2016-2018″

Раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Цвета Трајковска, и помладите соработници Оливер Серафимовски и Александра Стојановска, учествуваа во работата конференцијата ,,Отворено владино партнерство-дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018″, што се одржа на 23-24 март, во организација на проектот ТАКСО…

СИГМА: ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ И НАТАМУ САМО ПРЕДИЗВИК

Во Информативниот центар на ЕУ во Скопје денеска беа претставени резултатите од Извештајот на СИГМА за мерењето на основите. Домаќини и говорници на средбата со претставници на јавни институции во Република Македонија беа: Карен Хил, раководител на СИГМА; Мирослава Боричка, координатор за земјата и виш советник, Маријан Лемке, виш советник за јавни набавки и Јухани…

НАСЛОВНА ЦЕЛЕ

НОВИНАРИТЕ СЕ ПОЧЕСТО ГО КОРИСТАТ ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

На покана на Делегацијата на Европската унија и Македонскиот институт за медиуми, членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и советникот во Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески, учествуваа на отворањето на овогодинешниот конкурс за „Награда од Европската унија за истражувачкото новинарство“, во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.

УРГЕНЦИЈА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Почитувани, Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за календарската 2015 година и истиот да го достават до Комисијата, до 31 јануари 2016 година. Овие извештаи ќе бидат составен…