|
|
|
|
|
|
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, еднаш годишно објавува листа на иматели на информации од јавен карактер.
Исполнувајќи ја својата законска обврска, Комисијата подготви попис на имателите на информации со кој се опфатени органите на државната власт и други установи и институции утврдени со Законот, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес.
До целосното комплетирање на листата, Ви ги презентираме досега обезбедените податоци за правните и физички лица, иматели на информации од јавен карактер. Воедно Ве информираме дека зависно од промените, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постојано ќе го ажурира списокот на имателите на информации од јавен карактер.
Државни институции
Судска власт
Општини во Република Македонија
Јавни претпријатија и установи во Република Македонија
Здравствени установи во Република Македонија
Правни и физички лица кои вршат јавни овластувања
Образовни институции во Република Македонија
Политички партии во Република Македонија
|
|
|
Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.
|
|
|