Пребарај
Надоместок за материјалните трошоци за дадената информација-
Врз основа на член 29 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јаван карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/06), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 24.12.2006 година, донесе
ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОК ЗА МАТЕРИЈАЛНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ДАДЕНАТА ИНФОРМАЦИЈА ОД ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Член 1

    Со оваа одлука се утврдува надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации.

Член 2

    (1) Барателот на информација за добиениот препис, фотокопија или електронски запис на информацијата плаќа надоместок.
    (2) Надоместокот за дадената информација, во вид опишан во ставот 1 на овој член, изнесува:
    - за умножување на еден лист, А-4 формат – 1 денар,
    - за печатење во една боја, на еден лист, А-4 формат – 2 денари,
    - за електронски запис на информацијата на едно компјутерско ЦД – 21 денар,
    - за препис на една страница од лист, А-4 формат – 5 денари.

Член 5

    Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.


Бр. 19-6310/1
24 декември 2006 година
Скопје


Претседател на Владата
на Република Македонија,
м-р Никола Груевски, с.р.
 

Изработката на оваа веб-страница ја финансираше Британската амбасада, преку средства од програмата UK FCO SPFRE. Објавените содржини се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

Анкета
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да биде поднесено:


 






Годишен извештај 2009
Тест на јавниот интерес
Брошура
Брошура
Обрасци за Download
Завршна Конференција
Краток анимиран филм
Антикорупција
Конференција Словенија
Ги знаете ли
Годишен Извештај 2008